Нуредини најави затворање на термоелектраните до 2030 година
Затворање на термоелектраните на јаглен најдоцна до 2030 година и поголеми вложувања во обновливи извори на енергија со цел подобрување на амбиенталниот воздух најави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Тоа, според него, заедно со промена на начинот на греење во домовите ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните.
-Уште откако станав министер за животна средина зборуваме за менување на начинот на греење и производство на енергија во нашата држава. Сите сме свесни дека 65 отсто од енергијата се произведува од јаглен во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Затоа целата наша Стратегија за енергетика е да го менуваме тоа и да инвестираме во обновливи извори на енергија. Тоа значи дека ги поддржуваме не само нашите инвестиции како ЕСМ во соларни панели во Осломеј и во Битола, туку и да ги затвориме РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј најкасно до 2030 година, рече Нуредини на денешната средба со новинарите.
Идеја ни е, посочи, да имаме повеќе обновливи извори на енергија и да вложуваме во соларни панели и ветерни електрани, а многу битно за државата и за независност во енергетиката е да се изгради и хидроелектраната Чебрен за да имаме стабилна мрежа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…
Шестмина осомничени за уривање на уставниот поредок…
Шест лица се приведени во српската Палата…
Ултрамаратонецот Тони Манев на 6 јули ќе…
Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест…
Неовластено му доставувала класифицирани информации на Мицкоски…
Директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева…
Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…
Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…