Нaсилни протeсти во Црна Гора, полицијата eдвај спречи инцидент
Црногорската полиција спречи група членови на Комити, кои се собраа пред театарот во Никшиќ во знак на протест поради посетата на Матија Бечковиќ, да влезат во зградата.
Истовремено, пред театарот се собраа граѓани кои претходно протестираа пред зградата на општина Никшиќ поради можното формирање малцинска влада, а потоа дојдоа да му изразат поддршка на Матија Беќковиќ.
Полицијата ги раздвоила двете групи и не дозволила директен контакт, јави РТЦГ . Припадниците на движењето „Комити“, како што се додава, побарале да влезат во зградата на театарот, што полицијата не им дозволила поради можен конфликт меѓу двете групи.
Инаку, во 20 часот во театарот започна книжевната вечер на Матија Беќковиќ, „Савовите стапки кон Савовиот извор“ .