Нa денешен ден од страна на бугарските фашисти е убиен Стефан Наумов – Стив

t

На 12 Септември 1942 година, во борба со бугарската фашистичка полиција, во коријата кај с. Болно, Ресенско, загинал Народниот херој Стефан Наумов Стив, маркантна личнст од комунистичкото движење и народно ослободителната и антифашистичка војна во Македонија.
Откако со пиштол убил неколку полицајци, не сакајќи жив да биде фатен од непријателот, тој се самоубил со последната бомба.
Во таа борба, неколку стотини метри подолу во коријата, бил убиен неговиот соборец и другар, Народниот херој и македонски поет Мите Богоевски.
Стив Наумов роден на 27 Октомври 1920 во Битола во средноимотмо печалбарско и земјоделско семејство. Основно училиште и гимназија завршил во Битола. Во тој период гимназијата во Битола била центар на оранизирано напредно движење на револуционерната и комунистичка младина од битолското, прилепското и преспанското подрачје.
По завршување на гимназијата во 1938 година се запишал на Техничкиот факултет во Белград каде на различни факултети студирале голем број напредни и слободољубиви македонвци. Во Белград станал член на СКОЈ, а подоцна и на КПЈ. Бил многу активен во различни студентски организации. Учествувал во студентската воена обука, со цел да се стекне со искуство во ракување со оружје. Учествувал во студентските демонстрации против тогашниот режим. Полицијата го апсела два пати, првиот пат бил осуден на затвор од 30 дена, а вториот пат на затвор од 90 дена, кога бил жестоко тепан бидејќи се изјаснил дека е македонец. Полицијата го депортирала во Битола за да може подобро да го следи. Во 1940 година бил избран за секретар на битолскиот Месен комитет на КП. Од таа позиција формирал голем број партиски келии во Битола, а особено во околните села. Се вработил во битолскиот Монопол, како обичен работник, каде го организирал синдикалното и комунистичкото движење. Бил одличен оранизатор и омилен меѓу другарите.
По поразот на Кралевина Југославија, а пред влегување на германската нацистичка војска во Битола, на 11.04.1941 год, дал налог за прибирање на оружје и воен материјал, негово криење во Битола и околината, спремајќи се за борба. Со доаѓањето на бугарскиот фашистички окупатор во Битола состојбата уште повеќе се влошила, заради што уште во јули 1941 заминал во илегала. Под негово раководство на 2 Август 1941, во Битола се одржале првите масовни демонстрации со кои се спречило бугаризирањето на Илинденското востание. Во декември 1941 год. бугарската полиција рапишала потерница по него со награда од 200.000 златни лева. На 22 април 1942, на Пелистер планина, точно на годишнината од бугарската окупација, го формирал Првиот битолски партизнски одред – Пелистер. На 6 Мај 1941 год. при случајна средба и обид да биде легитимиран, го убил бугарскиот полициски началник Ќурчиев.
Во Јуни 1942 год. станал член и политички комесар на Оперативниот штаб на Народноослободителните и партизански одреди на Македонија. На 6. Јули 1942 год. во с.Златари, ресенско, заедно борци од битолско и преспанско го формирал Вториот партизански одред Даме Груев. Со овој одред, под негова организација и раководство, на 18/19 август, ја нападнал полициската станица и општината во с.Кажани, битолско. На 2 Август 1942 год, организирал напад односно, заземање на с.Смилево и на тој начин бил спречен вториот обид за бугарска прослава на Илинденското востание, со присуство на бугарскиот министер за внатрешни работи Габровски.
Загинал на 12 Септември 1942 година, а неговото распарчено тело и телото на Мите Богоевски, прво биле закопани блиску во коријата, а потоа откопани и однесени во непознат правец. Бугарските фашисти се плашеле дека нивните гробови ќе станат светилиште на народната борба за слобода. Така е и до ден денешен, бугарите сеуште кријат каде се нивните гробови. За Народен херој на Југославија е прогласен на 29 Јуни 1945 година.
СЛАВА МУ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ