Обвинетиот министер Салиу со службено возило се пријавува во суд

t

Министерот без ресор Шабан Салиу, кој е обвинет во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани со службено возило пристигнал во Кривичниот суд да се пријави, иако тоа е дел од неговата лична судска обврска.

Радио Слободна Европа го фотографирале моментот кога министерот излегува и влегува во владиното возило пред судот, каде се пријавува двапати неделно согласно определената мерка за претпазливост.

На прашањето од РСЕ зошто користи службено возило за приватна обврска, министерот кусо одговорил:

„Па јас сум на работа, од каде знаете за што доаѓам во судот?“ одбивајќи да даде официјална изјава.

Салиу е обвинет за тешки дела против општата сигурност, заедно со уште 34 лица, во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Во периодот за кој се води постапката, тој бил директор на Дирекцијата за заштита и спасување (2008–2017). Обвинението сè уште е во фаза на оценка од страна на Кривичниот суд.

На новинарско прашање за неговата инволвираност во случајот, како поранешен функционер кој е опфатен со истрагата, Салиу претходно за медиумите одговори дека не чувствува никаква одговорност и дека никој не е виновен додека не се докаже неговата вина.

– Апсолутно не чувствувам одговорност. Верувам во нашата држава, во системот и правосудните органи. Со срце и душа тврдам дека немам вина. Оставам на совеста на државата да одлучи – рече Салиу (05.06.2025 година).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетиот министер Салиу со службено возило се…

Министерот без ресор Шабан Салиу, кој е…

Бугарија објави тендер за последните 2,4 километри…

Бугарската Национална компанија за железничка инфраструктура денеска…

Трамп: Разочаран сум, го скратувам рокот на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…

СКОПЈАНЕЦОТ ЗОРАН НАСТЕСКИ СОВЛАДА ПАТНИК КОЈ НА…

Скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија…

Дошла на одмор во Хрватска, па освоила…

Хрватската лотарија објави дека среќната добитничка на…