Обвинетиот Стојанче ја тепал пред Ивана детето, и ги оставил на автопат во еден по полноќ
Стојанче вршел контрола врз Ивана, бил љубоморен, вршел психичко и физичко насилство, сведочеше денеска мајката на Ивана во судот. Со погрдни зборови покрај Ивана понекогаш ја нарекувал и малата Катја, неговата сестра и мајка како и мајката на Ивана. Стојанче бил пријавуван во полиција и од неговата мајка за малтретирањето кон Ивана.
Еден период Ивана не ѝ признавала на мајка си дека модриците и црвенилото околу вратот ѝ се од Стојанче. Велела дека имал тешко детство. Додека Ивана била хоспитализирана, ден пред ја бутне по скали во болницата, тој ја оставил Катја сама дома ја заклучил и отишол на вежбање.
ТЕЛОП Љубица Стојановска-мајката на Ивана
„Катја ми велеше, мама ќе клекне доле, а тато ја шутира и удира. Потоа кога беа на свадба во Штип, на враќање околу еден часот по полноќ Ивана го згрешила патот. Стојанче ги избркал Ивана и Катја од колата. Ја удирал и шутирал Ивана. Катја ми кажа дека татко ѝ и неа ја удрил. Двете ги оставил на автопат и си заминал. Ивана се јавила кај мајката и таткото на Стојанче, побарала да ги земат, но тие рекле дека не можат. Потоа го повикала Мартин Саздов, а тој дошол и ги земал. Додека беше хоспитализирана во болница поради ударите кои ги добивала претходно од Стојанче, тој еден ден дошол во болницата. Се расправиле, сакал да ѝ го земе телефонот за да провери со кого комуницирала додека била во болница. Ја турнал по скалите во болницата пред очите на Катја. Потоа полицијата кога го барала не бил достапен. Ивана беше уплашена за Катја, бидејќи таа била со него.“
Обвинетиот Стојанче Јовановски не призна вина за кривичното дело „наведување на самоубиство“. Вината ја префрла кај неговиот другар Мартин Саздов, за кој вели дека наводно бил во љубовна врска со Ивана и тој на критичниот ден ѝ рекол Ивана сама да се качи во зградата. За делата „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“ откако призна вина тврдеше дека бил натеран од Саздов ова да го каже. Судот ова не го прифати.
ТЕЛОП Стојанче Јовановски-обвинет
„Се чувствувам виновен и ги признвам кривичните дела „Телесна повреда“ и кривичното дело „загрозување на сигурноста“. Не се чувствувам виновен за кривичното дело „Наведување на самоубиство“. За целата ситуација виновен е Мартин Саздов. За сите три кривични дела кои ми се ставаат на товар, тој ме наведуваше да ги сторам. Тој ме натера да ги оставам сами горе кога се качија.“
Обвинителката Адела Бојчевиќ изјави дека лицето Мартин Саздов ќе биде повикан како сведок. Се надоврза на сведочењето на мајката на Ивана и кажа дека нема сомнеж за односот на Мартин кон жртвите дека тој им бил од помош. Денешната одбрана ја смета како манипулација во насока обвинетиот да избегне кривична одговорност. Вели дека Обвинителството има докази.
ИЗЈАВА Адела Бојчевиќ-обвинителка0.40-
„Товарот на докажување е мој и до крајот сметам дека имам голем број на докази кои ќе бидат изведени во оваа постапка и со сигурност ќе докажам надвор од разумно сомневање дека Стојанче ги сторил кривичните дела точно на начинот како што е опишано во диспозитивот на обвинителниот предлог.“
Адвокатката на оштетените Неда Чаловска Димовска очекува обвинението во целост да биде прифатено. Посочи дека во меѓународен аспект, самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид.
ИЗЈАВА Неда Чаловска Димовска-адвокатка
„За третото кривично дело, кое е помагање и наведување на самоубиство
Иако во нашиот правосуден систем и по информација од Обвинителството за првпат се води, во другите држави не е толку чудно да жртви на конкинуирано семејно насилство кои се самоубиле, сторителите односно нивните интимни партнери/сопрузи бидат гонети и осудени конкретно за овие кривични дела.
Судскиот процес го води судијата Ивица Стефановски. Следното рочиште е закажано за задутре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинетиот Стојанче ја тепал пред Ивана детето,…
Стојанче вршел контрола врз Ивана, бил љубоморен,…
СДСМ: Орбан паѓа – Мицкоски договара враќање…
„Додека политичката сцена во Унгарија се менува,…
„Политико“: Земјите сакаат да се приклучат кон…
Земјите што сакаат да се приклучат кон…
Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“,…
Русија останува посветена на исполнување на своите…
Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува…
Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари…