Обвинети петмина Бугари кои сакаа да го запалат седиштето на ЕУ во Софија

t

Софиското јавно обвинителство покрена обвиненија против пет лица за вчерашните инциденти за време на протест во Софија, јави „24 часа“. Четворица полнолетни луѓе и еден малолетник се обвинети за „хулигански дејства со особена дрскост“ за време на вчерашниот протест на партијата „Преродба“ во главниот град на Бугарија.

Според обвинителството, некои од обвинетите покажале отпор кон полицијата пред зградата на Европската комисија и Европскиот парламент, а дел од нив ја запалија вратата на зградата во која се наоѓа седиштето на Европската комисија.

Според заменик-обвинителот Атанас Доцински, обвинетите можат да се соочат со затворска казна до пет години, додека за малолетникот таа би била до две години. Судот утре ќе одлучува околу притворот за обвинетите.

Протестот, организиран против воведувањето на еврото како платежна валута во Бугарија, почна пред Народната банка, а потоа продолжи пред претставништвото на Европската комисија. Демонстрантите фрлаа пиротехнички средства и црвена боја врз зградата и го запалија знамето на Европската унија, пред да ја потпалат и вратата на зградата во која се наоѓа седиштето на ЕК во земјата. Во судирите со полицијата, повредени се десетмина бугарски органи на редот.

Обвинителството работи и на идентификација на други учесници во насилството. Според полицијата, протестот бил организиран од пратеници на „Преродба“, кои уверувале дека нема да има инциденти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…