Обвинителен акт за десет лица од екипата на Штекли
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година обвинетите како повеќе лица се здружиле во криминална група која на територијата на град Скопје се занимавала со неовластена трговија со наркотични дроги – кокаин и марихуана.
Врз основа на прибавените докази во истражната постапка утврдено е дека групата била јасно структурирана и имала строго дефинирани улоги меѓу членовите – од набавка и складирање, до пакување, транспорт и продажба на дрогата. Дрогата била складирана во специјално изнајмени станови, а потоа во помали количини дистрибуирана и продавана на нарко-пазарот, по утврдени цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Парите од продажбата се предавале на првообвинетиот кој како награда дел од парите им давал на останатите обвинети, а воедно им давал и насоки за проширување на мрежата на препродавачи.
Членовите на групата користеле мрежа на препродавачи и посредници од кои седуммина опфатени во овој предмет ја признаа вината и се спогодија со обвинителството и притоа добија затворски казни.
Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и предлог за продолжување на мерка притвор и мерка куќен притвор за обвинетите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Бугарското обвинителство подигна обвинение против анестезилог за…
Окружното обвинителство на Пловдив подигна обвинение против…
Арсовска за Ганиу: Или нека добие кривична…
Лик како Вики Ганиу би требало да…
(Видео) Нема вечно да молчиме, им порачаа…
Нашиот молк е гласот на оние што…
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…