Обвинителот Бубевски: Доколку адвокатката Лејла Кадриу не се извини за лагите, ќе ја тужам за клевета

t

Обвинителот Гаврил Бубевски се огласи со реакција со која како што вели, најостро ги демантира клеветите и измислените наводи изнесени од адвокатката Лејла Кадриу во интервју во емисијата “Вечерното шоу на Богдан Илиевски” на ТВ Алфа, емитувано на 07.02.2026 година.

Ја пренесуваме реакцијата во целост:

,,Наводите кои се однесуваат на моето постапување и на работата на поранешното СЈО се невистинити и креирани со цел да наштетат на мојот личен и професионалениот углед, за што веднаш по емисијата иницирав постапка со која од неа побарав извинување за јавно изнесените лаги. Доколку не добијам извинување во законски предвидениот рок, ќе поднесам граѓанска тужба за клевета и во суд ќе се докаже дека се што беше кажано во наведената емисија е апсолутна невистина.

Иако сметав дека изнесените клевети не заслужуваат да им се дава јавно внимание, сфаќам дека нашето општество веројатно не е доволно отпорно на лаги.
Вистината е дека јас никогаш во мојот живот не сум имал 4 мобилни телефони. Додека бев јавен обвинител во СЈО имав еден телефонски број кој го користев за цело време додека бев во тоа обвинителство. По враќањето во ОЈО Скопје исто така користам само еден телефон. Мојот единствен, во моментов приватен телефонски број го знаат сите новинари и многу граѓани, бидејќи вистински верувам во начелото на транспарентност и на тој телефон секогаш сум бил и останувам отворен и достапен за сите прашања.
Ги отфрлам сите наводи за какво било влијание и стојам зад секоја одлука која сум ја донел.

Во голем дел од ситуациите кои беа претставени, како што е предавањето на прислушуваните материјали во СЈО, јас лично воопшто не сум бил присутен, за што имам и соодветни докази.
На страна од тоа, записник за тие материјали постои и тој е дел од доказите во предметот Таргет-Тврдина.
Од позиција на поранешна јавна обвинителка за чие оддалечување најпрвин од СЈО, а потоа и од редовното обвинителство, причините се многу добро познати во јавнообвинителската организација, каде и се водени и соодветни постапки за одговорност, Кадриу се обидува да го загрози мојот професионален интегритет и да влијае врз моето извршување на јавнообвинителската функција.

Мотивите за овој и други вакви слични настапи мене ми се јасни, но немам намера во ниту еден момент да им подлегнам на тие лаги и манипулации. Ќе ги искористам сите законски механизми за заштита, како што веќе направив и поднесов тужба и за лагите изнесени од уште еден адвокат – поранешен обвинител кој јавно настапува со истите намери и мотиви.
Очекувам во судска постапка да се докаже вистината наспроти лагите со кои “храбрите” поединци ја манипулираат јавноста подолг временски период, а со тоа да се утврди и нивната кредибилност како извори за информации во медиумите по однос на вистинските состојби во правосудството, вели обвинителот Бубевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на…

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство…

Обвинител од СЈО доби унапредување

Обвинителот Гаврил Бубевски денеска е избран за…

Едно од опожapeните возила пред ЈП „Улици…

Eдно од оппожарните возила пред ЈП „Улици…