Обвинителот Бубевски: Лекарите не направиле точна процена за состојбата на Денис Тот!

t

Лекарите не направиле точна проценка и првично утврдиле дека на телото на Денис Тот нема видливи траги на насилство, вели шефот на Скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, но додава дека тука нема никаква одговорност кај лекарите, кои направиле сѐ за да му го спасат животот на ракометарот, кој беше крвнички претепан пред дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот Градски парк.

Бубевски за ТВ24 вели дека Обвинителството како орган веднаш постапило кога добило известување од Министерството за внатрешни работи и ги издало сите наредби кои биле потребни за да се расчисти случајот.

Сепак, и обвинителот и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, констатираа дека лекарите постапиле правилно и при пријавувањето на случајот. Веднаш штом ракометарот бил донесен на КАРИЛ, била известена полицијата.

Тројца осомничени, меѓу кои и 19-годишна девојка, се во притвор за случајот.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на…

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство…

Обвинител од СЈО доби унапредување

Обвинителот Гаврил Бубевски денеска е избран за…

Едно од опожapeните возила пред ЈП „Улици…

Eдно од оппожарните возила пред ЈП „Улици…