Обвинителството поведе постапка против лице осомничено дека со камен го скршило стаклото на вратата на бугарската амбасада

t

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против 55-годишно лице, осомничено дека на 11 јануари со камен го скршило стаклото на вратата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Осомничениот, како што наведува Обвинителството, „од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се оддалечил во непознат правец“.

– Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор со образложение дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и основано стравување дека осомничениот би можел да го повтори делото – стои во соопштението.

Според Обвинителството, лицето сторило кривично дело оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството поведе постапка против лице осомничено дека…

Основното јавно обвинителство - Скопје поведе постапка…

Војната во Украина и намерата на Путин…

Војната измеѓу Русија и Украина трае веќе…

Утре лидерска средба во Клубот на пратениците:…

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…

Скандал или дипломатска одлука? Душан Адамовиќ назначен…

Во јануари 2026 година, В.д. помошник-министерот за…

Раскол во „Влен“? Министерот Фатмир Лимани „пребега“…

Сериозни политички турбуленции се случуваат во коалицијата…