Обвинителството по допрен глас проверува дали Мицкоски бил следен под изговор дека е „организатор на паравоена структура“
Обвинителството по допрен глас отвори предмет за случајот што вчера премиерот Христијан Мицкоски го посочи од собраниска говорница – дека наводно „една од разузнавачките институции во Македонија се занимавала со негово физичко следење“ како и „следење на неговото семејство“ под изговор дека тој бил „нарачател и финансиер на пара-полициско воено-вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи“.
Јавното обвинителство веќе има оформено предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на претседателот на Владата, за што јавниот обвинител на Република Северна Македонија на денешната средба веќе го информираше и премиерот. Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите, велат од Јавното Обвинителство.
Премиерот Мицкоски прво од говорница пред околу 1 месец велеше дека Агенцијата за национална безбедност го следела со дронови. Вчера пак, кажа дека „една од неколкуте институции кои што требало да се занимаваат со безбедноста на државата, наместо да го прави тоа, се занимавала со негово физичко следење“.
И тоа го правеле на многу интересен начин. Како? Измислуваат извор во случајот „цилиндар“ кој што според нив доставува веродостојна информација. Конкретно таква информација доставил од објективни причини, баш во 2020 година, што коинцидира со изборите, во која што вели, внимавајте, пара полициско воено вооружена формација. Претпоставувам најголем дел од вас биле пара полициско воено вооружена формација составена од внимавајте го ова, македонски радикални екстремни и националистички настроени државјани кои имаат за цел во предизборието да вршат заплашување и закани на македонски граѓани за да издејствуваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. И ова е многу интересно – нарачател и финансиер на оваа пара полициско воено вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи, е професор д-р Христијан Мицкоски. Јас сум тој кој што оваа пара полициско воено вооружена формација ја финансирал, ја формирал итн. Но, ова е оставено како трага таму и точно се знае кои се тие кои што ова го работеле. Точно се знае. Ова служело како покритие за да бидеме покриени физички сите. Сите најголем дел од вас се дел од оваа пара полициско воено вооружена формација, порача Мицкоски.
Тој продолжи од собраниската говорница да опишува дека истиот тој извор „цилиндер“ дал информација дека Мицкоски е виден со две женски лица на Водно како пешачи, а дека женските лица му „дале информации од негов политички интерес“.
– А додека пешачам, изворот „цилиндер“ мене ме покривал, нагласи Мицкоски.
Тој додаде дека и во 2021 година за време на локалните избори бил следен, но овој пат изворот го добил името „џокер“.
-Понатаму, исто така, пред избори во 2021 година тогаш се локалните избори, изворот сега го добива името „џокер“ не е веќе „цилиндар“ вели дека во Манастирот Св. Јоаким Бигорски мојата средба со припадници на патриотско друштво не била случајна, туку тоа било средба во која што јас сум ја остварил за да ја нарушуваме безбедноста и стабилноста на Македонија. Повторно алиби за да бидам физички покриван. Е сега ова ли се европските вредности?, праша Мицкоски.
Покривани според Мицкоски биле и неговата сопруга со синовите од кои едниот е малолетен.
Затоа треба на овие злоупотреби еднаш засекогаш со реформа во овие служби да им се стави крај, за да не им се случува на оние генерации кои што доаѓаат по нас. Затоа што ако ова им се случува, ништо не сме направиле, за бадијала ни е сè и европски фронтови и балкански фронтови и било што, ако ние во 21 век имаме ваков начин на злоупотреба на работата на безбедносните агенции, дециден е Мицкоски.
Според него, „овие списи и извештаи за него се креирани на почетокот на 2020 година“.
Замислете, една од безбедносните агенции, од оправдани причини нема да споделам која, располага со вакви информации, дека јас инспирирам, финансирам и организирам вакви организирани терористики структури, а притоа, за тоа не го информирала Министерството за внатрешни работи – вели Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството по допрен глас проверува дали Мицкоски…
Обвинителството по допрен глас отвори предмет за…
Турски „Бајкар“ ја купи историската италијанска компанија…
Италијанските власти пред малку објавија дека највисокиот…
Запалена викенд-куќа на полицаец од Штип!
Запалена е куќа на поранешен заменик-началник во…
(Фото) Скопјанка со апел за внимателност: „Во…
Скопјанка алармира за обиди за кражби во…
Kaц: Никој нема да може да побегне…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за…