Обвинителството ја истражува смртта на тетовецот кој беше пронајден со прострелна рана

t

Од Јавното обвинителство се огласија за трагедијата во тетовско каде полиција пронашла безживотно тело на 42-годишен жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга. 

– Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази, известија од ЈО. 

По наредбите се постапува, додаваат оттаму. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството ја истражува смртта на тетовецот кој…

Од Јавното обвинителство се огласија за трагедијата…

Безживотно тело на 42-годишник од Тетово најдено…

Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16…

Тетовец се сомничи за измама: зел капар…

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 47-годишник…

Акциска контрола во угостителски објекти во Тетово,…

Акциска контрола во угостителски објекти во Тетово,…