Обвинителството ја проверува и отфрлената претставка за притворениот судија Наќе Георгиев

t

Меѓу списите кои ги проверува обвинителството во предметот за притворениот судија Наќе Георгиев, се наоѓа и претставка која во 2023 година за него ја отфрли Судскиот совет.

Иако претставката беше отфрлена бидејќи била анонимна, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева реши сепак да ја препрати на преиспитување до Јавното обвинителство, дознава А1он. Таму, неофицијално стоела долго време.

Станува збор за анонимна претставка која стигна до Судскиот совет во 2022 година и во која се наведуваат наводи за коруптивно поведение на судија на Врховениот суд и за член на Судскиот совет.

Како што стои во записникот на Судскиот совет, објавен на нивната веб-страница, анонимниот подносител навел дека судијата има тарифа која ја наплаќа за судење предмети.

„Сите судии од Апелационото подрачје Штип имаат поплаки за неговото работење, дека врши притисоци и наплаќа за граѓански и кривични предмети“, пишува во претставката.
Тогаш Судскиот совет заклучи дека дека анонимката е паушална, неаргументирана и непоткрепена со докази и ја отфрли.

Советот ја архивира претставката со службена белешка.

Според информациите на А1он се проверува дали некои наводи може да се потврдат, без оглед на тоа што претставката на Судски веќе е отфрлена.

Обвинителството уште собира докази за случајот и чека вештачења.

Државниот јавен обвинител во ТВ интерјву рече дека не се исклучува можноста да се направи финансиска истрага покрај кривичната за судијата кој е инволвиран во предметот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројцата инженери од Македонија уапсени под обвинение…

Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…