Обвинителство не може да почне со увид во „Макпрогрес“ оти пожарот не е целосно изгаснат

t

Од вчерашниот пожар во „Макпрогрес“
По големиот пожар кој вчера избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница, на терен излегол и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Кочани, но, соопштуваат оттаму, увидот не може да почне, бидејќи пожарот не е изгаснат целосно.

Оттаму додаваат и дека сè уште траат активности за обезбедување на локацијата.

„Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот“,

велат од Обвинителството.
Денеска, Министерството за здравство соопшти дека хоспитализирани се 13 лица, но и дека сите се во добра здравствена состојба. Осум лица, вработени во фабриката, се наоаѓаат на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.

Вчера, од кочанската болница кажаа дека дел од повредените имаат изгоренции на нозете, а дел инхалациони повреди од вдишување чад.

Огнот во фабриакта позната по брендот „Винчини“ го гаснеа бројни противпожарни екипи од територијалните противпожарни единици на Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес. Стихијата, според ЦУК, избувнала во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката. Три уништени погони е билансот од пожарот.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.

Од Стопанската комора соопштија дека и тие биле вклучени во напорите за гаснење на пожарот, а била алармирана и Владата. Оттаму изразија жалење за претрпената материјална штета и најавија формирање кризен штаб со сопственикот на фабриката, која е нивна членка, за целосно нормализирање на состојбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство не може да почне со увид…

Од вчерашниот пожар во „Макпрогрес“ По големиот…

(Фото) Митовски открива скандал на настан со…

Го згазнале, дошол градоначалникот. Му се дерат…

Николоски: Досега 34 километри од автопатот Кичево…

Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт…

Скопјанец под истрага – во неговиот дом…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Итно ќе се обноват изгорените погони на…

Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски…