Објавено на:

Обединетите нации бараат една милијарда долари за помош за Турција

t

Обединетите нации бараат од земјите-членки да обезбедат една милијарда долари за помош на милиони луѓе погодени од земјотресите во Турција и Сирија, во кои загинаа речиси 42.000 луѓе.

„Обединетите нации упатуваат хуманитарен апел за 1 милијарда долари за народот на Турција кој страда од најразорните земјотреси што ја погодија земјата“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој додаде дека финансирањето за период од три месеци ќе им помогне на 5,2 милиони луѓе и ќе им овозможи на хуманитарните организации да обезбедат поддршка за напорите за помош предводени од владата во областите на безбедноста на храната, заштитата, образованието, водата и засолништата.

„Турција е дом на најголемиот број бегалци во светот и со години покажува огромна дарежливост кон своите сириски соседи. Сега е време светот да го поддржи народот на Турција, исто како што тие се солидаризираа со другите кои бараат помош“, рече Гутереш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебен режим на сообраќај -Претседателот на националното…

Во земјава денеска во официјална тридневна посета…

Продолжен прекинот на огнот меѓу Турција и…

Прекинот на огнот меѓу Турција и Сириските…

Турција ќе добие уште една милијарда евра…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Силен земјотрес во Турција

Силен земјотрес со интензитет 4,5 степени според…

Се судрија воени хеликоптери на Турција, меѓу…

Несреќата се случила за време на тренинг…