Обединување на албанскиот блок: БЕСА ќе ги повика сите партии да се договорат за бришење на 20% од Уставот!
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценува дека терминот „20%“ во Уставот не ја нарушува, како што рече албанската супстанција во Македонија. За условувањето на уставните измени, Ахмети оценува дека е добро албанските партии да одржат средба за да се координираат, пишува Алсат.
„Ве уверувам дека ‘20%’ не влијае на албанската супстанција во оваа земја и не сум загрижен дека тоа нема да се случи утре. Тоа ќе се случи во вистински момент со договор затоа што граѓаните Македонци ништо не губат ако наместо ‘20%’ пишува албанскиот народ. Воопшто не губат.“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Но, од Беса ваквата изјава на Ахмети ја сметаат за скандалозна. Овој субјект го овласти својот шеф Биљал Касами да ги покани на заедничка маса албанските парламентарни партии.
„Штета е да се слушне од албански лидер дека „20%“ не влијае на албанската супстанција бидејќи овој термин е потценувачки за албанскиот народ во земјава. Што се однесува до евентуалната средба на албанските партии, Движењето БЕСА на последниот состанок на Централното раководство донесе одлука да го овласти претседателот на партијата да организира повик за следната средба во рамките на заедничката маса на албанските парламентарни партии во согласност со политичкиот договор на албанските партии во РМ.“ велат од Беса.
На ист став е и Алијанса за Албанците. Претседателот Арбен Таравари пред неколку дена изјави дека во овој период има потреба албанските партии да се сретнат и да разговараат за да се подготви заедничка стратегија. Таравари додаде дека е подготвен да одговори на повикот на Ахмети за заедничка средба, но во случај да нема повик од првиот човек на најголемата албанска партија, тој е подготвен да свика таква средба. Во меѓувреме, од Алтернатива како дел од Владата, велат дека координацијата според Ахмети е добредојдена, додавајќи дека од него очекуваат и поддршка за уставниот амандман што Алтернатива го објави вчера за незастарување на кривични предмети за злоупотреба на службената положба.
„Добредојдени се средби за координација и дискусии за теми кои се од национален интерес. Како што рече претседателот Гаши, отстранувањето на дефиницијата ‘20%’ од Уставот е веќе застарена тема и тоа доаѓа како резултат на општиот напредок на општеството, но тоа не треба да се прави под притисок на победници и губитници. Очекуваме одговор од Ахмети и другите политички лидери за нашиот предлог за борбата против криминалот и корупцијата да станат уставна одредба и таквите дела да не можат да застаруваат.“ велат од Алтернатива.
За отворање на Уставот согласно Договорот со Бугарија за официјално отворање на поглавјата со ЕУ потребни се 80 гласа, број што во моментов парламентарното мнозинство и албанската опозиција го немаат.
Извор: Алсат.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…
„ДУИ како државотворна партија е гарант за…
ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…
Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…
ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…
По сериозните закани и насилни пораки упатени…
ДУИ КОНТРА ВЛЕН ЗА „АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА“: Квази…
И ова се случи, во екот на…