Обезбедување крвнички претепа четворица Словенци во клуб во Крк: „Му го отворија черепот”
Хрватскиот портал „24 сата“ објави вознемирувачко видео од тепачка во ноќниот клуб „Оникс“ на Крк.
Се вели дека снимката морала да се скрати поради бруталноста, но на неа се гледа како обезбедувачите тепаат четворица млади момчиња од Словенија, а еден од нив лежи онесвесте во локва крв додека некој го врти за да не се задуши.
Во позадина се гледа лице од обезбедувањето кое нокаутира млад човек во бела кошула со два удари.
Страшно е тоа што им го направија. Тепајќи ги така… Па, му го отворија черепот на момчето. Тие треба да ги заштитат луѓето и на крајот да ги исфрлат оние што предизвикуваат неред, а не ова – изјави шокирана читателка за тој портал.
Друг читател кој исто така случајно се нашол во тој ноќен клуб вели дека „младите момчиња ги однела брзата помош“ и дека „лицата им биле деформирани од ударите што ги добиле“.
Биле тепани и додека биле во несвест. Се надевам дека ќе одговораат за ова – додаде тој читател на хрватскиот портал „24 сата“, кој тврди дека обезбедувањето не било пронајдено во клубот кога дошла полицијата таму.
Од полициската станица Крк го потврдија инцидентот во „Оникс“ што се случи ноќта меѓу петокот и саботата.
Од полицијата во Риека за порталот Индекс изјавиле дека „четворица странски државјани, Словенци, се повредени и пренесени во КБЦ Риека“.
Тие во меѓувреме се пуштени од болница, но сѐ уште трае кривичната истрага за да се утврдат сите околности на овој настан – потврдиле од полицијата во Риека за хрватскиот портал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма во Гостивар: Го удрил со кола,…
МВР соопшти дека вчера (9.12.2023) во 13…
Обезбедување крвнички претепа четворица Словенци во клуб…
Хрватскиот портал „24 сата“ објави вознемирувачко видео од тепачка…
Вработени како обезбедување вршеле изнуда со мачета…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Федералната служба за безбедност на Русија привела…
Истражувачкиот новинар Христо Грозев објави дека ФСБ…
Филипче се правда: Не барал шофер и…
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче ќе…