Обид за убиство на паркинг во Кочани, убиецот му влегол во автомобилот и почнал да го боде со нож
Обвинителството гони 24-годишник поради сомнеж за обид за убиство што се случило пред два дена, на 13 септември.
Според информациите од Обвинителството, осомничениот се договорил со жртвата да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани за да се договорат околу продажба на мобилен телефон.
Кога се сретнале, велат од Обвинителството, 24-годишникот влегол во возилото на жртвата, седнал на совозачкото место и почнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.
„По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот“, вели Обвинителството за случајот.
Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Орбан го возеше Шварценегер во теретана,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук објави…
Денеска е Св. маченик Мамант: Го фрлаа…
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…
„Мирор“: Хамза бин Ладен е жив и…
Синот на Осама бин Ладен, Хамза, за…
Обид за убиство на паркинг во Кочани,…
Обвинителството гони 24-годишник поради сомнеж за обид…
Приведени шест лица за планирање на убиство…
Венецуелскиот министер за надворешни работи Диосдадо Кабело…