Обилните снежни врнежи оставија без струја околу 200.000 домови во БиХ
Околу 200.000 домови во северозападниот дел на Босна и Херцеговина (БиХ) останале без струја поради дефекти предизвикани од обилните снежни врнежи, соопштија електроенергетските компании од двата ентитета.
Електропривреда БиХ од Федерацијата БиХ соопшти дека од 04:00 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија останале приближно 180.000 корисници.
Благодарение на брзите интервенции на екипите за електрична инсталација, повеќето дефекти се санирани и во моментов околу 60.000 корисници се без струја“, соопшти Електропривреда БиХ.
Според компанијата, најтешка е состојбата во Унско-санскиот кантон, односно во Бихаќ, Босанска Крупа, Чазин, Сански Мост и Велика Кладуша.
Електрокраина од Република Српска соопшти дека снежните врнежи предизвикале дефекти на повеќе од 50 среднонапонски далноводи во дистрибутивната област на таа компанија.
Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е предизвикан од паѓање на гранки и дрвја на столбовите, како и поради кршење на спроводници под тежината на снегот, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…