Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари

Обновата на опустошениот Појас Газа по повеќе од една година војна ќе чини над 53 милијарди долари, од кои повеќе од 20 милијарди ќе бидат потребни во првите три години, покажува новата проценка на Обединетите нации, објавена денеска.
– Краткорочните, среднорочните и долгорочните потреби за опоравување и реконструкција во Појасот Газа се проценети на 53,142 милијарди долари. Од тоа, краткорочните финансиски потреби за првите три години се проценети на околу 20,568 милијарди долари – напиша генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во извештајот испратен до Генералното собрание на ОН.
Во резолуцијата усвоена во декември, која повика на итен и безусловен прекин на огнот во Појасот Газа, Генералното собрание на ОН побара од Гутереш да достави проценка на краткорочните, среднорочните и долгорочните потреби на Газата во рок од два месеца.
– Иако во актуелниот контекст не беше можно целосно да се процени целиот спектар на потреби што ќе бидат неопходни во Појасот Газа, брзата привремена проценка дава почетна индикација за значителните потреби за опоравување и реконструкција на таа територија – се вели во извештајот.
Поради тоа што „повеќе од 60 отсто од куќите“ се уништени од октомври 2023 година, за станбениот сектор ќе биде потребно околу 30 проценти од потребите за реконструкција, или 15,2 милијарди долари, се наведува во извештајот.
Следат трговијата и индустријата (6,9 милијарди), здравството (6,9 милијарди), земјоделството (4,2 милијарди), социјалната заштита (4,2 милијарди), сообраќајот (2,9 милијарди), водоснабдување и канализација (2,7 милијарди) и образованието (2,6 милијарди).
Извештајот исто така посочува посебно високи трошоци за секторот заштита на животната средина (1,9 милијарди долари), „поради големата количина на урнатини кои содржат неексплодирани убојни средства и високите трошоци поврзани со отстранувањето на отпадот“.
ОН проценуваат дека конфликтот создал „повеќе од 50 милиони тони отпад, под кои се наоѓаат човечки остатоци заедно со неексплодирани направи, азбест и други опасни материјали“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху разговарал со Рубин за продолжување на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговарал…
Израел ја прекина струјата во Газа
Израел објави дека ја прекинува струјата во…
Болни и повредени деца од Газа пренесени…
Десет болни и повредени деца од Појасот…
Обновата на Газа ќе чини повеќе од…
Обновата на опустошениот Појас Газа по повеќе…
Трамп не се откажува од идејата САД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…