О’Брајан на средба со Курти

t

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан пристигна на средба со косовскиот премиер Албин Курти.
Средбата на О’Брајан со Курти започна во 15 часот, а во соопштението на косовската влада за медиумите не се наведува дали по нејзиното завршување ќе има прес-конференција.

О’Брајан е придружуван од американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер.

О’Брајан вчера престојуваше во Белград, каде што имаше средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

О’Брајан за РТС изјави дека сака да се почитуваат сите договори и нивните одредби постигнати за време на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и дека најважно е Србите на Косово да живеат како нормални, европски граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

О’Брајан на средба со Курти

Американскиот помошник државен секретар за Европа и…

Косовските власти ги укинаа визите за граѓаните…

Властите во Приштина одлучија еднострано да ги…

Расте бројот на туристи во Косово

Од почетокот на 2024 година до крајот…

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен…

Косовската полиција вчера во Урошевац уапсила македонски…

Косовски државјанин приведен во Македонија: Превезувал стока…

Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни…