Објавена рачно напишаната оставка на Рустеми: „Поради морални причини поднесувам неотповиклива оставка“
ТВ 24 дојде до оригиналната рачно напишана оставка на Сабахадин Рустеми, досегашниот в.д. директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Во документот, Рустеми наведува дека оставката ја поднесува „поради морални причини, за непречено одвивање на постапката“, и дека се работи за неотповиклива оставка од директорската функција.
Оставката е адресирана до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а доставена преку Кривичниот суд Скопје, потврдија извори за ТВ 24.
Во завршниот дел од документот, Рустеми искажува благодарност за довербата и соработката во изминатиот период, по што ја потпишува својата одлука.
Со оваа оставка, тој формално се повлекува од раководната позиција во „Комунална хигиена“, по серијата настани што ја потресоа институцијата во изминативе недели.
Извор: 24.МК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавена рачно напишаната оставка на Рустеми: „Поради…
ТВ 24 дојде до оригиналната рачно напишана…
Протекоа американски разузнавачки проценки: Путин е порешителен…
Според најновата проценка на американските разузнавачки служби,…
Додик му се заблагодари на Трамп
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик,…
Украинската армија го демантира Путин дека градот…
Украинската армија соопшти дека тврдењата на рускиот…
Мерц: Европа мора да стане технолошки независна…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика Германија…