Објавено на:

Објавени причините поради кои Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија

t

Новак Ѓоковиќ можел да биде депортиран од Австралија зашто на министерот за имиграција Алекс Хок му било очигледно дека тој се противи на вакцинирањето против ковид-19, стои во целосното образложение на пресудата на Сојузниот суд на Австралија, кое утрово беше објавено.

Врховниот судија Џејмс Алсоп заклучил дека Хок постапил разумно бидејќи бил загрижен дека присуството на Ѓоковиќ би можело да поттикне маршеви и протести, кои пак можеле да предизвикаат зголемено ширење на коронавирусот. Ѓоковиќ на крајот беше депортиран само ден пред почетокот на Отвореното првенство на Австралија, каде што ќе се бореше за рекордната 21. гренд слем титула.

Една од клучните причини за депортацијата било и појавувањето на Ѓоковиќ во јавност откако имал позитивен тест на 16 декември. Тој отишол на интервју два дена подоцна, што Хок го протолкувал како неодговорно однесување на угледна ѕвезда која може да поттикне слично однесување и во Австралија. Во заклучокот на судската одлука стои дека Ѓоковиќ претставувал опасност по здравјето, редот и јавниот интерес.

Адвокатите на Ѓоковиќ негираа дека тој е антиваксер и тврдеа дека тоа се базира на една негова изјава од април 2020.

„Бидејќи не се вакцинирал до јануари 2022, на Хок му било очигледно јасно дека Ѓоковиќ се противи на вакцинирањето и не сака да го направи тоа“, стои во образложението.

Весникот „Сан“ денеска објави дека Ѓоковиќ размислува да ја тужи Австралија, сметајќи дека лошо постапувале со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија ќе обезбеди рекорден пакет воена помош…

Австралиската влада ќе и го обезбеди на…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…