Оваа земја членка на ЕУ увезува природен гас само од Русија!

t

Австрија не е членка на НАТО пактот и со тоа нема дополнителен притисок да мора да купува поскап втечнет гас (кој е поскап од рускиот) од САД, африканските земји или Катар. На бројните критики од Европската унија, која стави бројни санкции на Русија, австриската министерка за енергетика констатирала дека нивните пари ја финансираат војната во Украина и дека кај нив диверзификацијата на увозот на плин напредува премногу бавно… Очигледно дека државниот интерес на Австрија е поважен од приоритетите на ЕУ, а домашната сметка е поважна од заедничката политика 

Австрија минатата година во целост ги задоволила своите потреби за потрошувачка на природен гас увезувајќи го од Руската федерација, пренесуваат „Ројтерс“ и „Политико“.

И покрај сите санкции на Европската унија кон Русија, Австрија како нејзина долгогодишна полноправна членка од Русија купила плин за производство на 75 теравати струја (еден терават е еднаков на 1.000 гигавати н.з.). Со тоа Австрија и покрај бројните пакети санкции од Русија купила гас со кој задоволила 98 отсто од целото потребно годишно количество гас.

Нивната министерка за енергетика Леонор Гевеслер свесна за бројните критики од државите членки на ЕУ изјавила дека е свесна дека на Русија и праќаат крвави пари финансирајќи ја војната во Украина, но дека немале друг избор. Во своето објаснување таа навела дека овој крајно непопуларен потег е резултат на две причини. Првата е тоа што потрошувачката за гас во Австрија лани била намалена за 25 отсто и таа изнесувала 75 тераватчасови електрична енергија. Втората причина е тоа што австриското државно комунално енергетско претпријатие ОМВ (OMV) има долгорочен договор со рускиот „Гаспром“ според принципот „земи или плати“ на количина од 60 тераватчасови струја. Тој договор е крајно штетен за страната што купува во случај еднострано да го раскине. Но од друга страна тој договор овозможува многу пониски цени од берзанските и пазарните за купувачот. Затоа впрочем и се вика „земи или плати“.

Набавката на руски гас не е добар и е непринципиелен за австриската политика кон другите членки на ЕУ. Затоа што оваа земја е непринципиелна во однос на пример на Германија која го заменува рускиот гас со ЛНГ од САД и од африканските производители. Но затоа пак е одличен за австриската економија и животен страндард на нејзините жители затоа што руското сино гориво го набавува по многу конкурентни цени за потребите на економијата и за греење на жителите.

И да биде иронијата поголема во февруари 2022 година , за време на руската агресија врз Украина, рускиот увоз на природен гас бил 80 отсто од сите потреби за природен гас. На крајот на 2023 година Австрија задоволува 98 отсто од своите потреби за природен гас со увоз од Русија.

Извори:

https://www.politico.eu/article/austria-looks-at-early-exit-from-russian-gas-deal-as-reliance-on-moscow-deepens/

Austria seeking to end Russian gas import contract, energy minister says

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…