Ова го има само во Македонија: Возот од Скопје до Битола патуваше десет часа!
Патничкиот воз кој од Скопје вчера попладне тргнал во 14.30 часот во Битола пристигна синоќа 30 минути по полноќ. Патувал цели 10 часа бидејќи бил запрен на железничката станица во Богомила.
Како што информираа за МИА од велешката Железничка станица, причина била расипана локомотива на товарен воз во близина на село Слепче, поради што пругата била блокирана. Расипаната локомотива била повлечена од друга во 21.50 часот, кога и патничиот воз од Богомила продолжил кон Битола.
Патниците од преполниот патнички воз со три вагони, вчера реагираа на социјалните мрежи поради долгото чекање на станицата во Богомила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен осомничен саботер за теpopистичкиот напад на…
Саботерот имал двојно руско-италијанско државјанство, бил регрутиран…
Ова го има само во Македонија: Возот…
Патничкиот воз кој од Скопје вчера попладне…
Трагедија: Неготинец почина откако воз удри во…
На 08.09.2022 во 02.00 часот пријавено е…
Протестите продолжуваат: Возовите ќе бидат блокирани и…
Откако утрово од страна на надлежните беше…
Несреќа во Прилеп: Воз удри во автомобил
Во Полициската станица Прилеп вчера во 17.…