Ова дефинитивно нема да ѝ се допадне на Русија – Мишел: ЕУ треба да го продаде имотот запленет од руските олигарси за да ја обнови Украина
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека ЕУ треба да го продаде имотот запленет од санкционирани руски поединци и средствата од продажбата да се искористат за обнова на Украина.
– Апсолутно сум убеден дека ова е исклучително важно. Треба да се дозволи конфискација и да се инвестира во обновата на Украина. Мислам дека ова е прашање на праведност, изјави Мишел за украински Интерфакс.
ЕУ минатиот месец соопшти дека замрзнала 30 милијарди евра средства поврзани со руски и белоруски поединци кои се под санкции. Со изјавата за продажба на запленетиот руски имот, Шарл Мишел стана првиот висок функционер на ЕУ кој предложи конфискација на имотот.
Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела предложи запленетиот имот на олигарсите да се продаде за да се поправи штетата предизвикана од Русија и да се помогне во обновата на Украина.
Сепак одредени познавачи на состојбите предупредија дека какви било законски чекори во тој поглед би можеле да загрозат некои основни права, што Мишел го призна како нешто што предизвикува загриженост.
– Запленувањето имот на санкционирани лица не е толку едноставно. Тоа би бил тежок и долг процес, рече Шарл Мишел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…