ОВА Е ВЕЌЕ АЛАРМАНТНО: По Ролан Гарос, Рафаел Надал го пропуштa и Вимблдон
Продолжува голготата за Рафаел Надал. Поранешниот светски рекет број еден неодамна објави дека нема да биде дел од претстојниот Ролан Гарос, но сега се знае дека нема да учествува ниту на Вимблдон.
Поради повредата од Австралија опен, Надал нема да настапи на Ролан Гарос, ниту на Вимблдон, а Шпанецот остави можност да биде подготвен за самиот крај на сезоната и финалето на Дејвис купот.
Вимблдон е на програмата од 3 до 16 јули, а неговото место ќе го заземе рускиот тенисер Рома Сафиулин.
Иако ја остави отворена можноста за враќање, дури и подоцна оваа сезона за евентуално финале на Дејвис купот, лесно може да се случи сезонава тој да остане без ниту еден трофеј.
Шпанецот во речиси дведецениската кариерата никогаш не останал без барем еден трофеј во една сезона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…