Ова е “најопасниот” “Audi RS7” во светот

t

Еден од најпопуларните тјунери повторно го дофати престижното Audi и понуди едно од “најопасните” возила на светот.

“Audi RS7” е само по себе повеќе од изглед на патот. Изгледа одлично, а благодарение на моторот со 630 коњски сили и 850 Nm надгледуван од електроника од врвна класа, е проклето брз на патот. Сепак, “Mansory” смета дека може да понуди повеќе, а не мислиме само на ексклузивни материјали и луксуз.

По обработката од германскиот тјунер, овој модел на Audi развива неверојатни 1050 коњски сили и 1200 Nm, што е повеќе од она што некогаш го понудил “Bugatti” (Veyron), па дури и најновото (хибридно) “Lamborghini”. Модификациите главно се однесуваат на моторот, кој доби нови турбини, издув и контролна електроника.

Епилогот се перформанси на ниво хиперспортските автомобили. Максималната брзина е над 300 км/ч, а спринтот до 100 км/ч е секако под 3 секунди. Точните податоци не се познати, исто како и цената на оваа луда обработка. Сметајќи на огромната моќ, збогатувањето на механиката и карбонските додатоци, заедно со новиот ентериер, секако нема да биде ниска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во среда ќе нема струја од 4…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…

Хидранти нема ни во Совет на Општина…

Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…

(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!

Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…

Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…

На почетокот од 59. минута од вечерашниот…

Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…

Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…