„Ова е наjголемиот спортско-дипмломатски ckaндал во историјата, Ѓоковиќ не може ни да се замине, му зедоа сè, во затвop е“, вели неговото семејство

t

Семејството на Новак Ѓоковиќ попладнево во Белград одржа прес-конференција, на која ги обвинија австралиските власти дека го режирале најголемиот спортско-дипмломатски скандал во историјата и дека најдобриот светски тенисер го третирале како криминалец.

Откако Австралискиот федерален суд го прифати барањето на српскиот тенисер и му дозволил да остане во Мелбурн до понеделник додека е разгледана неговата жалба за одземањето на визата, тој се наоѓа во изолација, во хотел за мигранти во Мелбурн. Тука, како што тврди неговиот татко Срѓан, се однесуваат кон него како да е затвореник.

Тој беше испратен во затвор. Тој не е во притвор туку во затвор. Му земале сè освен телефонот, не може да се испере, измие, ниту да пресоблече. Заробеник е на тие копилиња, срам да им е. Цел слободарски свет стани, затоа што ова не е само борба меѓу Србија и Новак, ова е борба на седум милијарди луѓе во светот за слобода на говор и мислење. Новак не прекрши ниту еден закон. Новак, сите сме со тебе, рече Срѓан.

Тој продолжи со остро обраќање и ја нарече владата на Австралија „шовинистичка“.

Тие нашиот Новак го држат во заробеништво. Новак е Србија, а Србија е Новак. Скот Морисон се осмели да го нападне Новак да го потцени и го фрли на колена, со тоа ја фрли на колена и нашата земја. Исус го распнаа, му направија сè и тој преживеа. Сега истото му го прават на Новак, го распнуваат. Срам да ви е, немате образ, рече Срѓан Ѓоковиќ.

Неговиот брат Ѓорѓе го нарече ова најголем спортско-дипломатски скандал во историјата.

Новак не прекрши ниту еден закон, цело време беше во комуникација со организаторите. Го имаше истиот документ како и неговите колеги, но само нему не му ја одобрија визата. Првите 45 минути, во собата на аеродромот, Новак, комуницираше со семејството. Потоа му го одзедоа телефонот, три и пол часа беше без него. Потоа го сместија во аеродромскиот притвор. Не му ја одобрија визата, бидејќи сите зборуваат дека само уште еден гренд-слем трофеј му недостига за и официјално да биде најдобриот во историјата. Потоа тој го сместија во хотелот за мигранти, во гнасна соба, сите работи му ги одзедоа, му го оставија само телефонот. Третиран е како криминалец, вели тој.

На крајот Ѓорѓе Ѓоковиќ открил дека постојат три сценарија за крај на целиот случај.

Еден е да му одобрат виза и да ја признаат грешката, што значи дека би се понижиле пред целиот свет за грешката што ја направија. Второто сценарио е да го вратат назад и да си направат проблем, бидејќи други тенисери влегоа со медицински исклучок. И трето е да речат дека се поголеми од Бога и да им биде гајле како ќе се врати дома. Досега праве се спротивно. Се надева, дека судот правилно ќе реши, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…