Ова е новиот директор на Националната галерија: Дошол на работа во понеделник, а веќе од вторник е на одмор
Вработените во Националната галерија на Македонија се незадоволни од изборот на нов директор. Несакаат да зборуваат во камера, но преку соопштение до јавноста информираат дека Али Синани , сликар од Гостивар, е избран на конкурсот за избор на директор на Националната галерија и бараат таа одлука да биде поништена.
Во соопштението информираат дека тој непоседува никакво искуство поврзано со музејската дејност , која е основна дејност на галеријата. Не соработувал со галеријата, ниту пак со други релевантни институции од тој тип. Извори за Телма од галеријата брифираат дека Али Синани се појавил на работа во понеделникот. Побарал службено возило, но не го добил, поставил заменик- директор, функција што ја нема ниту во статутот, ниту во систематизацијата за работни места на галеријата и веднаш заминал на одмор.
Али Синани, кадар на ВЛЕН со 25 години престој и работа во Швајцарија, побарал да донесе во Националната галерија на Македонија уметници од странство, но му било кажано од вработените дека за секој заинтересиран институцијата одлучува на повеќе инстанци. Не дал прецизен одговор за темата на докторскиот труд , што го одбранил во Нови Пазар и не му била јасна директорската функција дека подразбира и обезбедување средства за потребите на галеријата.
Вака завршил првиот работен ден на Синани, по што земал одмор, велат извори на Телма од галеријата. А, вработените во соопштението со кое бараат од Министерството за култура и туризам да ја поништи одлуката од конкурсот и да се спроведе нова транспарентна постапка, велат дека со изборот на Синани е загрозен принципот на стручност и објективна проценка, што се клучни за раководење на институцијата.
Наместо транспарентен избор со јасни критериуми, институцијата е доведена во ризик да биде водена од лице без потребно основно познавање на музејската дејност, но и на заштитата и конзервацијата, кои што се составен дел во негувањето и грижата за колекцијата од над 3.300 уметнички дела – движно културно наследство и поседуваните 4 објекти : Даут-пашин амам, Чифте амам, Спомен куќата на Лазар Личеноски – кои се недвижно културно наследство и Мултимедијалниот центар Мала станица, велат вработените од Националната галерија на Македонија.
Незадоволни од изборот на директор тројцата противкандидати на Синани од Националната галерија , побарале од министерството за култура и туризам да им ја достави целата документација од спроведениот конкурс.
За случајот се огласија од Синдикатот за култура. Од таму велат дека ништо не е променето од март, кога реагирале за изборот на директор во Македонската филхармонија, а сега истото се повторува во Националната галерија. Ако министерот навистина се залага за силни културни институции, тогаш мора да разбере дека директорите не смеат да се избираат според политичка или етничка припадност, туку според стручност , визија и докажана посветеност, додаваат од СКРМ.
Иако побаравме, од Министерството за култура и туризам сѐ уште нема одговор за случајот.
Извор: Телма
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова е новиот директор на Националната галерија:…
Вработените во Националната галерија на Македонија се…
Командант на НАТО предупредува: Можен е воен…
Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО…
Ако не ви беше јасно зошто го…
Инаку, Милошески беше обвинителот на ОЈО Скопје…
Касами за службените возила на Фетаи и…
Градоначалникот на општина Тетово и еден од…
(Видео) Десетина пензионери со знамето на Вергина…
Група пензионери биле презадоволни од премиерот. Тие…