„Ова е широко партнерство“- Дали договорот со Британија може да значи и мигрантски кампови во иднина?

t

Додека официјално британската страна негира дека новиот договор за соработка со Северна Македонија предвидува прифаќање мигранти, изјавата на амбасадорот Метју Лосон отвора прашања – дали во иднина договорот би можел да се прошири и на тоа?

„Она што се договоривме е дека ова е широко партнерство во однос на безбедноста, трговијата, одбраната, образованието и инвестиции,“ рече Лосон, нагласувајќи дека се работи за билатерална соработка што опфаќа повеќе сфери.

Според него, земјата ќе се приклучи кон заедничката мисија во однос на мигрантите, но, како што рече, тоа „се однесува на полициските сили кои што ќе работат заедно – соочување со криминалните банди, подобро споделување на разузнавачки информации“.

Амбасадорот подвлече: „Сакам навистина да бидам јасен во тој дел затоа што она што се договоривме… се работи за соработка меѓу полициските сили, подобро справување со криминалните банди и групи – се работи токму само за тоа.“

Но, и покрај овие разјаснувања, не беше даден директен одговор дали во рамките на „широкото партнерство“ може во иднина да се појават и нови елементи – на пример, формирање кампови или други механизми за управување со миграцијата на територијата на Северна Македонија, што беше предмет на шпекулации во дел од британските медиуми.

Лосон потврди дека шпекулации има: „Знам дека многу шпекулации во британските медиуми и особено после ‘Епос’ вчера… да, во право сте што ме прашувате за тоа, но не се работи за тоа во овој договор.“

Она што остана нејасно е: ако сега „не се работи за тоа“, може ли подоцна да се работи? Амбасадорот не ја исклучи таа можност, ниту експлицитно рече дека такви опции воопшто не се планирани. Напротив, целата конструкција на неговата изјава – со акцент на моменталната рамка – остава простор за натамошна дискусија, и можеби проширување на ангажманот во иднина.

Во контекст на стратегиското партнерство, Лосон изјави: „Работење заедно за взаемна корист и веќе е навистина одлично трговско партнерство… мора да го имаме тој механизам и самите билатерално со земјата.“

Што точно значи „тој механизам“? Дали тоа може да значи подготвеност за поинакви форми на соработка доколку Британија затвори уште повеќе врати за мигрантите? Договорот засега не дава таква обврска – но исто така, не ја исклучува.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…