Ова нема да ѝ се допадне на Германија: Зеленски му постави ултиматум на Шолц
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за ЗДФ го критикуваше канцеларот Олаф Шолц за позицијата на Германија во украинската криза.
„Шолц и неговата влада мора да донесат одлука: не треба да има обид да се одржи рамнотежа во односите меѓу Украина и Русија“, рече Зеленски.
Покрај тоа, тој и замери на Германија што почнала да и помага на Украина многу подоцна од другите земји – САД, Велика Британија и источните земји на ЕУ. Според него, Берлин треба да дејствува „понедвосмислено“ и да се откаже од пристапот во кој односите и со Украина и со Русија можат да се продолжат на таков начин што тоа што помалку да и наштети на Германија.
Коментирајќи го можното патување на Шолц во Киев, Зеленски рече дека канцеларот не треба да се ограничува само на фотографии и го повика да објави построги санкции против Русија и зголемена поддршка за Украина и нејзиниот статус како кандидат за ЕУ за време на посетата.
Како што пишуваат медиумите, германскиот канцелар заедно со италијанскиот премиер Марио Драги и францускиот претседател Емануел Макрон имаат намера да го посетат Киев на 16 јуни. Во исто време, Шолц изјави дека нема да ја посети Украина откако Зеленски одби да го прими германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЛАФ предупреди за шверц на цигари во…
Црна Гора е една од земјите вклучени…
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…