Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

t

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската општина Чаир. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека институциите работат на утврдување на фактите, а резултатите се очекува да бидат видливи во скоро време.

На прес-конференција во Владата, каде што ги презентираше резултатите од првата година од мандатот, Тошковски истакна дека МВР спроведува неселективна и бескомпромисна борба против прекршувањата на законот, нагласувајќи дека постапките се водат и против високи функционери, вклучително и врховни судии, директори, поранешни и актуелни градоначалници.

Во однос на случајот со Чаир, министерот наведе дека не располага со информации дали е веќе утврден конкретен случај на дивоградба, но потврди дека Министерството постапува по наредбата на обвинителството.

„Ќе се видат резултатите, ова не е буцни прачка, пиј вино.. Ќе постапиме како што тоа се прави во секоја европска држава“, рече Тошковски, додавајќи дека ниту еден предмет нема да биде оставен без институционален одговор.

Претходно градоначалничката, Данела Арсовска, до Обвинителството достави документи за незаконски легализации на дивоградби, тврдејќи дека со фалсификат биле легализирани од градоначалникот Висар Ганиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова не е буцни прачка, пиј вино“…

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба…

Кина воведе царина за коњак и други…

Денес, Кина воведе антидампинг давачки за некои…

Летен камп по вероучение во Св. Кирил…

25 деца од цела држава се собрани…

Американски гигант во производство на храна банкротираше…

Дел Монте Фудс, компанијата стара 138 години,…

Арсовска фати див приклучок на вода во…

Инспекторатот на Град Скопје денеска фати див…