Објавено на:

Ова се условите на Путин за крај на војната во Украина: Рускиот лидер има четири барања

t

може да има договор за замрзнување на судот за повторно да се вооружи режимот во Киев, туку за негово конечно завршување.

Мировната иницијатива на рускиот претседател Владимир Путин ќе остане универзален и долгорочен рецепт за решавање на војната во Украина, изјавила за „РИА Новости“ портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

„Суштината на мировната иницијатива на претседателот на Русија е повлекување на украинските вооружени сили од новите руски региони – Доњецка Народна Република, Луганска Народна Република, Запорожје и Херсонската област, одбивање на Киев да поднесе барање за членство во НАТО, укинување на сите западни санкции за Русија, обезбедување на права на руското население во Украина“, потсетила таа, одговарајќи на прашањето дали руските мировни предлози за Украина валидни и денес.

Таа нагласила дека не може да се зборува за замрзнување на судирот за повторно да се вооружи режимот во Киев, туку за негово конечно завршување.

„Секако, мировната иницијатива на рускиот претседател ќе остане универзален и долгорочен рецепт за решавање на украинскиот судир, бидејќи содржи начин да се елиминираат неговите основни причини“, заклучила Захарова.

Потсетуваме, повеќе од 15 експлозии се слушнале во украинската престолнина во Киев, изјавиле сведоци за „Tass“.

„Имаше бројни експлозии во предградијата на престолнината“, рекол еден од сведоците.

Друг сведок навел дека во околината на Киев се слушнале повеќе од 15 експлозии, додека трет истакнува дека експлозии имало и во северниот дел на престолнината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…