Овие рани симптоми може да укажуваат дека имате дијабетес, не ги игнорирајте
Редовното тестирање на шеќерот во крвта може да помогне во рано откривање на дијабетес, но има некои рани симптоми кои укажуваат дека можеби страдате од оваа сè почеста болест.
Дури и мало зголемување на шеќерот во крвта може да ги оштети вашите нерви, бубрези. И колку е повисоко нивото на шеќер во крвта и колку подолго не го лекувате, толку може да биде поголема штетата. Многу луѓе често ги игнорираат овие симптоми, па може да страдаат од дијабетес со години без воопшто да го сфатат тоа.
Уринирате почесто
Ако сте забележале дека одите во тоалет почесто од вообичаено, ова е знак дека можеби имате висок шеќер во крвта. Ова е особено точно ако се будите за да уринирате ноќе.
Често имате инфекции
Ако често имате уринарни или габични инфекции, треба да посетите лекар. Кога шеќерот во крвта е висок, а бубрезите не можат доволно добро да го филтрираат, шеќерот завршува во урината. Ова предизвикува инфекции на уринарниот тракт, а тоа особено важи за жените.
Слабеет без напор
Ако имате дијабетес, вашето тело не може толку ефикасно да ја користи гликозата за енергија. Наместо тоа, вашето тело ќе почне да ги согорува резервите на маснотии и може да доживеете неочекувано губење на тежината.
Видот се влошува
Високото ниво на шеќер може да го влоши вашиот вид. Доколку сметате дека неодамна ви се променила диоптријата, посетете офталмолог, а потоа и матичен лекар за да ја утврдите причината.
Се чувствувате уморно
Неколку основни причини за замор може да се поврзани со дијабетес/висок шеќер, вклучително и дехидрација од често мокрење, што може да го наруши сонот и да доведе до оштетување на бубрезите. Ова чувство на исцрпеност може да ги попречи вашите секојдневни активности.
Промена на бојата на кожата
Темната кожа на наборите на вратот и над зглобовите и под пазувите се многу чести симптоми кои можат да бидат предизвикани од дијабетес. Тие секако се симптом кој често се појавува кај инсулинската резистенција, па затоа е неопходно да се посвети дополнително внимание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пуџдемон се врати во Шпанија
Карлес Пуџдемон, поранешниот лидер на шпанскиот североисточнен…
МВР по барање на Австрија го проверува…
Македонската полиција информира дека постапува по барање…
(Видео) Клучниот удар на Рељиќ во главата…
Македонската теквондиска Милјана Рељиќ забележа неверојатна победа…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Утре нестабилно време со пороен дожд и…
До крајот на денов сончево и топло…