Овие четири растенија привлекуваат позитивна енергија – Мора да ги имате во вашиот дом!
Рузмарин
Рузмарин привлекува љубов и ја поттикнува страста. Има прочистувачки и заштитни својства, а во исто време помага при закрепнување, ја стимулира меморијата и го подобрува расположението. Покрај користењето на свеж рузмарин во домаќинството, се препорачува и неговото цвеќе да се постави во одредени делови од куќата или станот. На овој начин ќе се зајакне лојалноста на оние околу вас.
Лаванда
Лавандата може да ја „избрка“ депресијата и да помогне да се контролираат емоциите. За да си овозможите здрав сон, испрскајте ја перницата со мирис на лаванда. Ова миризливо растение носи среќа и хармонија во домот, обезбедува мир, плодност, посветеност и верност во врската.
Јасмин
Јасмин привлекува финансиска сигурност и љубов во просторот за живеење. Исто така, маслото од јасмин е познато како еден од најмоќните афродизијаци. Се препорачува ова растение да се чува во спалната соба или, пак, во сите простории во кои вљубените парови поминуваат поголем дел од своето време. На овој начин ќе привлечете позитивна енергија која ги зајакнува врските и гради романси.
Орхидеја
Орхидејата привлекува позитивна енергија и во исто време ја подобрува постоечката енергија во домот и ги прави безбедни животите на нејзините сопственици. Меѓу орхидеите има широк спектар на бои и форми, а тие имаат моќна слатка и пријатна арома која го подигнува расположението. Во текот на ноќта ова растение ослободува кислород и го прочистува воздухот, па спалната соба е совршено место за нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…