Објавено на:

Овој мај најтопол во последните неколку години

t

Мај бил потопол и посув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, покажуваат мерењата од метеоролошките станици во земјава.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека апсолутното температурно колебање било 37 степени а месечното 7,5 степени и се движело од 12,7 степени целзиусови во Маврово до 20,2 степени во Гевгелија.

– Споредено со просечните мајски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1981-2010), овогодинешната беше натпросечна за 1,1 степен на ниво на држава. Од 12-ти до 17-ти мај во Скопје е забележен продор на топлотен бран. Средната максимална температура варираше од 18 степени во Лазарополе до 28,2 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.

Највисоката максимална температура е измерена на 26 мај во Гевгелија и изнесувала 35,7 степени, а најниската во Берово на 4 мај и изнесувала -1,4 степени.

Колебањето на месечната сума на врнежи изнесувала 61мм и се движела од 11,3мм во Скопје до 72,1мм во Крива Паланка.

Во деновите 14,17, 25, 27, 28, 29 и 31 мај дејствувано е со авионско засејување во регионите со поголема застапеност на земјоделски култури.

– Врнежите беа од дожд и град. Максимално дневно количество на врнежи од 42,9мм беше регистрирано во Струмица на 29-ти во месецот, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Споредено со мајската просечна вредност за многугодишен период (1981-2010), измерената месечна сума на врнежи била 22мм под просечната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис најави избори во Грција во мај

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес, три недели по железничката…

Овој мај најтопол во последните неколку години

Мај бил потопол и посув месец во…