Огромен интерес има за купување на имоти во Дојран, цените скокнаа за 150 отсто

t

За купување на недвижен имот во Дојран има огромен интрес, а цените од 2019 година до денес скокнале за 150 отсто.

Купувачите бараат станови, куќи, плацеви. Од агенцијата Дојран Билдинг Инвестмент велат дека Дојран од одморалиште за работници станува монденско место и се менува типот на купувачи кои пројавуваат интерес да поседуваaт имоти во градот. Засега старите станови се продаваат за 1.100 евра по квадрат, а новите се со цена до 1.050 евра, но нив ги има помалку од побарувачката. Во градот се градат нови 150 станови, кои треба да бидат готови после повеќе од година дена. На продажба се ставени и вили и апартмани. Купувачите пак се од другите градови од Македонија.

Јас сум задоволен од тоа како оди работата, и можам да кажам за неполна година имаме продадено 100 имоти, и тоа станови, куќи, плацеви, и еден хотел. Има голема побарувачка за недвижен имот во Дојран. Купувачите се во 80 отсто од случаите луѓе од Скопје, 10 отсто се од Куманово и 10 отсто од Струмица. Интересно е тоа што мнозинството купувачи се на возраст над 60 години. Им се допаѓа Дојран затоа што има убава клима, езерото е полно со јод и е добро за оние кои имаат белодробни заболувања, мирно е, а воедно блиску им е Кукуш и Солун, доколку имаат потреба да пазарат нешто или да одат на шопинг.

Најајатрактивни за купувачите се локации во Стар Дојран и во населбата Карач. Ако станува збор за станови, купувачите најчесто ги бараат оние со површина од 40 до 60 квадрати.

Иако бројот на постојани жители е мал, за време на летната сезона во Дојран има околу 25.000 луѓе.

Во земјава изминатиот период скокнаа цените на недвижниот имот поради поскапените градежни материјали. Скопје и Охрид стандардно се места каде се бара стан повеќе. Но, новите трендови покажуваат дека и Дојран станува атрактивен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…