Објавено на:

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната ,,Јане Сандански” Бобан Илиоски стана светски шампион во кикбокс ВАКО ПРО!

t

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со судиска одлука против Турчинот Берк Дузенли во салата „Јане Сандански“ во Скопје и стана професионален светски првак во кикбокс на ВАКА ПРО, во дисциплината К1 до 88,6 килограми.

Најдобриот македонски спортист и неговиот ривал имаа динамичен почеток на борбата, при што разменија голем број на удари.

Дузенли беше подобар во втората рунда и со неколку силни удари го погоди македонскиот борец, кој се обиде да возврати во последната минута, но турскиот кикбоксер постојано возвраќаше.

Илиоски во првите две минути го погоди противникот во главата неколку пати, но потоа Дузенли се врати во борбата и во завршницата го нападна македонскиот борец.

Борците и во следните две рунди понудија голема размена на удари, при што Илиоски со колено го „стресе“ противникот, но тоа не беше доволно за да го нокаутира.

Илиоски, сепак, беше прогласен за победник и стана професионален светски првак во К1 дисциплината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кузеска: Во очекувања сме на првичните…

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција…

Во Струга до 17 часот излезноста за…

До 17 часот во Струга и струшко…

ДИК: Излезеноста до 17 часот за претседателските…

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори…

ИЗЛЕЗНОСТ ДО 15 ЧАСОТ: За претседателските избори…

До 15 часот пристигнати се податоци за…

Во ИЕ 3 најголема излезност во Крива…

Во Општина Штип до 15 часот за…