Објавено на:

Огромна поддршка од Путин: Српскиот народ може да се уништи, но не може да се скрши

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е можно да се уништи српскиот народ, „но е невозможно да се скрши“.

„Многу пати сум слушнал: „Мораме да извршиме притисок врз нив, тоа е слабата алка“. Таква е филозофијата. Зошто токму Србите да бидат соборени? Да бидам искрен, не знам. Згора на тоа, во отворени разговори со одредени лидери додека сè уште бевме во нормални односи, ми рекоа: „Мораме да го зголемиме притисокот“. Прашав зошто и немаше одговор. Само така, воспоставена е таква филозофија, парадигма, треба да одлучиме вака – да додадеме притисок“, рече Путин на форумот „Валдаи“, говорејќи за политиката на Западот кон Србија, пренесува РИА Новости.

„Но, Србите не се такви луѓе, тоа не е таква историја, тоа е друга култура. Можеби ќе кажам една тешка работа: можно е да се уништат, но невозможно е да се скршат и покорат. Западот не го разбира ова. Но, се надевам дека порано или подоцна ќе има разбирање за оваа компонента и во европската и во глобалната политика воопшто – тие ќе сфатат дека сепак е поконструктивно да се преговара наместо да се обидува да се изврши притисок врз нив“, истакна Путин, јави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…