Објавено на:

Огромно поскапување на струјата и гасот во Турција: Власта на Ердоган се тресе како никогаш претходно?

t

Првиот ден од 2022 година на Турците им донесе ценовен шок, откако беа објавени новите цени на струјата и гасот.

Сметките за струја од овој месец во Турција поскапеа за 50 отсто за домаќинствата, додека за индустриските објекти покачени се за неверојатни 124 отсто. Ова е незапомнет скок на цените во земјата, за која експертите не можат да пронајдат преседан.

Цената на гасот исто така значително порасна, откако беше објавено дека поскапувањето за домаќинствата изнесува 25 отсто, додека индустриската струја „скока“ за 50 отсто.

Куповната моќ на Турците и онака беше во лоша состојба, откако во последните неколку месеци инфлацијата „откина“ 21 отсто од нивниот стандард. Затоа и огромен број на граѓани на Турција јавно го изјаснија своето незадоволство на социјалните мрежи против политиката на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а синдикалните организации најавија дека во блиска иднина би можеле да го повикаат членството на протести.

– Ердоган, ги присилуваш луѓето да го проголтаат поскапувањето на почетокот од годината – напиша на Твитер Кемал Киличдароглу, водачот на опозициската Републиканска народна партија.

Во текот на минатата година, турската лира загуби 45 проценти од вредноста во однос на американскиот долар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…