Фондацијата на Заев го одбележува Меѓународниот ден на младите
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, по повод 12 Август -Меѓународниот ден на младите, ги посети Амир Дестановски од „Дневниот центар за деца на улица“ и ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари и младиот генијалец Македон Димитровски, ученик во ОУ „Лирија“ во Тетово. Врачувајќи им донација и честитајќи им го Меѓународниот ден на младите, им посакавме понатамошни успеси во образованието и животот.
Имајќи во предвид дека Македон и Амир ги поврзува љубовта кон математиката, Фондацијата им посакува повеќе „собирање“ (признанија) и „множење“ (успеси), отколку „одземање“ и „делење“.
Воедно, „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ на сите млади во Република Северна Македонија им го честита 12 Август – Меѓународен ден на младите, со желба за квалитетен младешки живот исполнет со мноштво успеси, радости и вредности.
„Младоста е среќна затоа што е способна да ја види убавината, а секој кој има способност да ја види убавината, не може да остари“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Дарко Златев, еден од повредените во…
Дарко Златев, еден од повредените во пожарот…
МНР со апел до граѓаните да се…
МНР со апел да се избегнуваат патувања…
(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе…
Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо…
Големите експерти во енергетика: Шест дена рек…
Откако на 18 јуни Термоблокот 2 од…
(Фото) Се бара оставка на Владата: Бројни…
Во центарот на Скопје, во близина на…