„Одборот за мир“ го објави приемот на Албанија како членка основач на меѓународната организација
Одборот за мир официјално го објави приемот на Албанија како членка основач на меѓународната организација, пренесува Еуроњуз Албанија.
„Одборот за мир ја поздравува Албанија како членка-основач на нашата растечка меѓународна организација“, се вели во објавата на Одборот на социјалната мрежа X.
Одборот за мир официјално беше основан во четврток, 22 јануари во Давос, каде што претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја потпиша основачката повелба на новата меѓународна иницијатива, за време на посебна церемонија во рамките на Светскиот економски форум.
Церемонијата на потпишување започна со претставување на членовите-основачи на Одборот за мир, вклучувајќи политички личности од помалку од 20 земји.
Истиот ден албанското собрание со 110 гласови „за“, без гласови против и воздржани го ратификуваше на пристапниот договор на Република Албанија, претставувана од премиерот Рама, во Мировниот одбор.
Трамп првично го предложи Одборот за мир како дел од втората фаза од планот за прекин на огнот од 20 точки во Газа, посредуван од САД, во септември. Советот за безбедност на Обединетите нации го поддржа планот во ноември, давајќи му меѓународен легитимитет, со мандат за одборот да ја надгледува демилитаризацијата и реконструкцијата на Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Одборот за мир“ го објави приемот на…
Одборот за мир официјално го објави приемот…
Ескалираа протестите во Тирана: полицијата ја растера…
Во организација на опозициската Демократска партија вечерва…
Трамп ја покани косовската претседателка Османи во…
Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека е…
Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во…
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,…
Кучињата во Карпош не биле од Албанија…
Викеденов на социјалните мрежи се појавија фотографии…