Одвратна и мачна е дискриминацијата кон Јанкуловска, вели Ванковска: Ако од онаа Шарена лажга некој излезе со интегритет тоа се Гордана и Ставревски
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поднела две претставки кај народниот правобранител за непочитување на нејзините човекови права во затворот „Идризово“ каде отслужува затворска казна. Првата претставка е за неможност за користење на погодности, изјави во интервју за РСЕ, советничката на омбудсманот Васка Бајрамовска – Мустафа.
Затвореничките во женскиот дел на затворот Идризово се дискриминирани по основ на пол поради тоа што не можат да ги уживаат истите поволности кои ги уживаат машките затвореници.
„Со оглед на тоа што станува збор за женскиот дел од осудените лица, каде што во изминативе години немало толку многу звучни имања кои би можеле евентуално да го артикулираат соодветно овој проблем, да го изнесат пред надлежните институции и слично, биле оставени така, сами на себе. Дефинитивно, тука не си ја завршиле работата ниту Народниот правобранител ниту Хелсиншки ниту други организации што имаат амбиции да ги заштитуваат човековите права, вклучително и правата на осудените лица. Не било евидентирано тоа како проблем и било оставено на дневна основа да си тече како што е“, рече Влатко Илиевски во интервју за „360 степени“.
Втората претставка на Јанкуловска била за непостапување на Комисијата за заштита од дискриминација. Откако народниот правобранител реагирал, Комисијата ја донела одлуката со која се утврдува дека Јанкулоска била дискриминирана од управата на затворот „Идризово“.
Ваквата дискриминација ја коментира професорката Билјана Ванковска која вели дека затвореници демек во затвор правеа сообраќајки, ама на Јанкуловска ѝ е дозволено еднаш во три месеци да си ги види детенцето и сопругот.
-Како е можно да се толерира ваква полова дискриминација ?! Алармирани се сите институции, но никој не презема ништо. Кичеец, ако не се лажам, беше сторител на тешка сообраќајка додека божем во затвор. За Мијалков и да не зборувам… Но, Јанкуловска си го гледа детенцето и сопругот 3 пати месечно по ЕДЕН саат! Ова е во основа дискриминација по пол, но уште подлабоко ова е организиран политички прогон кој трае и трае и трае … Мачоистите (ги има и во женски сукњи) не можат по магарето, удираат по самарот.
Лично, како жена и мајка, никогаш нема да им заборавам судски налог за преглед на жена во 9-ти месец на бременост, која ја принудуваа да оди на рочишта. Одвратно, мачно, жално ….
Ако од онаа Шарена лажга некој излезе со интегритет тоа се Гордана и Ставревски… лицата со кои јавноста се подбиваше најмногу. – вели Ванковска.