Одземени возила на две лица во Тетово, возеле без возачка
На 14.02.2026 во 21:05 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во с.Непрошево, општина Теарце, полициски службеници од Полициско одделение Теарце го лишија од слобода Е.З.(18) од с.Џепчиште, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со тетовски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Е.З. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување со моторно возило, односно без возачка дозвола. По наредба на јавен обвинител, лицето е лишено, а возилото е одземено.
На 14.02.2026 во 23:30 часот на локалниот пат с.Палатица-с.Озормиште, тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Групчин го лишија од слобода Ј.В.(20) од с.Стримница, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. Возилото е одземено.
По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одземени возила на две лица во Тетово,…
На 14.02.2026 во 21:05 часот на регионалниот…
Уапсен крадец на соларни панели во Росоман
На 13 февруари 2026 година во 10:10…
Малолетник од Битола со возило удрил во…
Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера…
Ѝ рекла дека ќе почнат бизнис: Кавадарчанка…
На 13.02.2026 во 11:50 часот во ОВР…
Лишени од слобода скопјани кои ги криеле…
На 13/14.02.2026 во периодот од 19:00 часот…