Одиме на победа: Македонија со најсилен состав против Бугарија и Грузија
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со фудбалери за последните два натпревара, против Грузија (23 септември) и Бугарија (26 септември) од групата 4 во Ц-сегментот од Лига на нации.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 27 фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Кристијан Наумовски и Игор Алексовски.
Одбрана: Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Езѓан Алиоски, Тодор Тодоровски, Стефан Ашковски, Никола Серафимов, Ѓоко Зајков, Бојан Димоски.
Среден ред: Елиф Елмас, Енис Барди, Аријан Адеми, Енис Фазлагиќ, Агон Елези, Јани Атанасов, Стефан Спирковски.
Напад: Милан Ристовски, Бојан Миовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Ваљон Етеми, Дориан Бабунски, Љупче Дориев.
Првиот септемвриски меч „црвено-жолтите“ ќе го играат на гостински терен во Тбилиси, домашниот натпревар против Бугарија е закажан на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Во групата од Лига на нации, македонската репрезентација со седум бодови од четири натпревари е на второто место. Грузија е лидер со десет бодови. Бугарија е трета со три, Гибралтар има бод од досегашните четири меча.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Грузија доби проруски претседател
Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили, проруски…