Одлични вести за скопјани: Арсовска почнува со реконструкција на улици во должина од 10 километри во првите 100 дена

t

Град Скопје годината ја започнува со целосна реконструкција на улици во должина од 10 километри уште во првите 100 дена од новиот мандатот на градоначалничката Данела Арсовска. Станува збор за сообраќајници кои долги години не биле реконструирани, а граѓаните секојдневно се соочуваат со оштетени асфалтни површини кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот на граѓаните и ги оштетуваат возилата.

Реконструкцијата започнува на 20 јануари, и тоа на улицата „Никола Карев”, булевар „Кузман Јосифовски Питу” од раскрсницата со ул. Никола Карев до раскрсницата со ул.Борис Кидрич, реконструкција на булевар „АСНОМ” од раскрсницата со бул.„Србија” до ФФМ, улицата „Христо Татарчев” од раскрсницата со ул. „Народни Херои” до кружен тек со бул.„Србија”, ул.„Србија”, „Тодор Александров”, ул. „Перо Наков” од бул.„Киро Глигоров” до раскрсницата со ул.„Маџари”. Реконструирани ќе бидат и улиците „Радишанска”, „Војдан Васил Чакаларов”, „Волково” и улица „Фрањо Клуз”.

Програмата и програмските активности на Град Скопје се реализира преку реални проекти со целосна имплементација, преку креирање на брзи и ефикасни сообраќајни решенија и безбедни сообраќајници за граѓаните како приоритет на кој посветено ќе работи градската администрација во овој четиригодишен мандат, почнувајќи уште од првите 100 дена.

Градот Скопје во првите 82 дена од мандатот на градоначалничката Арсовска реализираше бројни проекти, меѓу кои како најзначајни за граѓаните се чистење на дивите депонии и зголемен инспекциски надзор, воведување на ноќни линии во ЈСП, пуштање во употреба на жичницата на Водно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…

Силно невреме со град го погоди Охрид

Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…

Чупиќ нов тренер на Вардар

Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Не тргнувајте од Скопје кон Тетово –…

Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село…