Одложен референдумот за игрите на среќа, движењето против коцкање вели дека причината се уставните измени

t

Поминаа девет месеци од одржувањето на јавната расправа кога Движењето против коцкањето ја обелодени идејата за иницирање локален референдум за отстранување на коцкањето од населените места. Датумот за истото се уште не е одреден. Претседателот на Советот на општина Тетово, Бесар Дурмиш вели дека биле во комуникација со Движењето против коцкање и дека се преземени и подготвени сите обврски што општина Тетово треба да ги преземе во однос на референдумот.

-Неколку пати контактирав со нив и ги прашав, а се уште не добив позитивен одговор кога ќе седнеме да се сретнеме и да разговараме за овој процес. Ако немаме таков чекор, имаме друга форма за која ќе треба да седнеме заедно со сите општински советници и мислам дека заедно на крајот ќе најдеме решение. Ќе донесеме одлука која ќе биде во служба на граѓаните и ќе ги отстрани казината од градот-рече Дурмиш.

Јуши Емурлау од Движењето против коцкање вели дека уставните измени и цензусот што е потребен за излез на граѓаните е една од причините што се одложува на неопределено време.

-Прашањето за референдумот се одложува поради политичката ситуација во Македонија, бидејќи очекувавме промена на изборниот законик за прашањето за цензусот за референдумот, но од политички причини се одложи заради уставните измени и коридорот 8. Очекуваме средба и со министерот за правда и потоа ќе ве известиме кога точно ќе се одржи референдумот. Ќе почнеме со Тетово, бидејќи Тетово ќе биде тест за игрите на среќа, а потоа ќе продолжиме на целата територија на Македонија-изјави Емурлау.

Референдумот ќе го поддржат и советниците на ДУИ во Советот на општината.

-Јавно го поддржавме Движењето против коцкање и немаме ништо против нивните барања. Сега градоначалникот и раководството на Општината треба да одлучат за датумот и спроведувањето на референдумот за граѓаните на Тетово-рече Диша.

Движењето против коцкање неколкупати организираше протести за отстранување на казината од населените места, но и покрај тоа што го кренаа гласот, властите не ги реализираа нивните барања.
Инаку, предлогот на законот за игри на среќа, кој предвидува деловните простории, односно местата во кои се одржуваат игрите на среќа, да бидат на оддалеченост не помала од 500 метри од основните и средните училишта е во собраниска процедура. Овој закон предизвика бројни реакции во јавноста.

Извор: tv21.tv

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…