Одлуката на германскиот канцелар за (не)испорака на ракети со долг дострел во Украина останува непроменета
Германија останува на својата одлука да не и испорачува ракети со долг дострел на Украина, соопшти денеска портпаролот на германската Влада.
„Одлуката на канцеларот е непроменета“, рече портпаролот на брифингот за медиумите.
Претходно денеска, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека САД донеле „важна одлука“ во врска со воената поддршка за Украина, мислејќи на одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да и дозволи на Украина да користи оружје произведено од САД за напади длабоко во руската територија.
Според „Њујорк тајмс“ и наводите на некои други медиуми, администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден во неделата ја овластила Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел (ATACMS) за напади длабоко во руска територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одлуката на германскиот канцелар за (не)испорака на…
Германија останува на својата одлука да не…
Макрон: Верувам дека е јасно оти Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин „не сака мир“…
Обвинителство бара притвор за 15-годишник кој во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Ахмети бара од Курти да разговара со…
Лидерот на Демократската унија за интеграција Али…
Останува иста цената на горивата, намалување има…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…