Објавено на:

Односите меѓу ЕУ и Кина зависат од Пекинг, вели Борел

t

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел изјави дека односите помеѓу Кина и Европска Унија ќе зависат од однесувањето на Пекинг, вклучително и тоа што се случува во Тајван.

Борел поради Ковид-19 не присуствува на средбата на министри за надворешни работи на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), што денес почнува во јапонското одморалиште Каруизава и ќе трае до 18 април.

Тој во изјавата дадена пред почетокот на Самитот Г7 истакна дека две теми ќе бидат важни на тридневната средба: потребата од унифициран пристап кон Кина и загриженоста за Тајван.

Кина е централна тема на средбата на шефовите на дипломатијата на земјите-членки на Г7.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…

Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…

Кина ја гради најголемата хидроцентрала во светот…

Кина ја одобри изградбата на најголемата хидроцентрала…

Како членките на ЕУ им помагаат на…

Податоците на Евростат велат дека во 2021…

Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Кина го гради најголемиот аеродром во светот

Dalian Jinzhou Bay International моментално се гради…